(Видео) Мост во САД се урнал откако во него удрил брод

Возила паѓаат во вода по уривање на мост во Балтимор, САД. Мостот се урнал откако во него удрил брод, пренесува Sky News.

На снимката се гледа како голем дел од мостот Френсис Скот Ки, долг 2,6 милји, паѓа во водата по ударот на бродот.

Немилиот настан се случил околу 01:30 часот по локално време.

Градоначалникот на Балтимор рече дека персоналот за итна помош е на местото на настанот и дека спасувачките напори се во тек.