(Видео) Моментот кој сите го чекаа: Врчак се врати на сцената

По долги години, вчера македонското дуо Ламбе Алабаковски и Врчак повторно настапија заедно на сцената. Го испеаја омилениот хит на на Македонците „Спасете ме другари“.

„Моите молитви се остварија фала Ти Боже вчера тоа ми се потврди! Верувам дека човекот се враќа во полн и поголем сјај! И да испишиме уште едно време и ера на македонската сцена и музика“, напиша Алабаковски на видеото објавено на социјалните медиуми.