(Видео) Моментот кој се чекаше – Мбапе потпиша за Реал

Килијан Мбапе и официјално стави потпис на договорот со Реал Мадрид и денеска ќе го има своето официјално претставување.

Французинот утрово прво ги помина медицинските прегледи, а потоа и стави потпис на договорот во друштво со Флорентино Перез.

Договорот кој го потпиша Мбапе е на пет години. Во Реал Мадрид, Мбапе пристигнува како слободен фудбалер по заминувањето од ПСЖ.