(Видео) Молотови коктели во Атина по протестот за железничката несреќа

Непознати лица фрлија низа молотови коктели кон полицијата пред грчкиот Парламент во центарот на Атина по завршувањето на официјалниот дел од протестот за железничката несреќа кај Темпи, на кој граѓаните уште еднаш побараа правда за жртвите, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентите беа само неколку минути по завршувањето на протестот и додека сѐ уште имаше граѓани во делот пред Парламентот, па така полицијата не употреби солзавец.

Тензиите се пренесоа во долниот дел на плоштадот Синтагма, каде што побегнаа маскираните лица, а специјалните полициски сили употребија солзавец, по што страстите брзо се смирија.

Неофицијално, приведени се над 20 лица.