(Видео) Многу емоции во Уругвај, Суарез се збогуваше со репрезентацијата

Иконата на уругвајскиот фудбал, Луис Суарез се збогува од репрезентацијата, дуелот против Парагвај беше последен за него во дресот на националниот тим.

Натпреварот меѓу Уругвај и Парагвај немаше голови, заврши 0-0, но имаше многу емоции поради пензионирањето од репрезентацијата на Луис Суарез.

Имаше видео јавување и од неговиот пријател Меси со кого заедно играат во Барселона, но и сега во Интер Мајами.

Саурез беше со своето семејство и со многу емоции ги следеше пораките од ѕвездите како Меси, Нејмар…

Доби овации и посебни кореографии од навивачите на Уругвај.