(ВИДЕО) Министерски автомобил во „лудо“ возење на Партизанска: Алиу ќе го казни возачот кој прекрши низа прописи

Снимката предизвика револт, особено што, возачот употребил и флеш-светилки. Дали во автомобилот, во критичниот момент бил и министерот – тој не одговори. За „Скопје1“ посочи дека возачот ќе сноси одговорност.

Претекнување преку две ленти со вклучени флешери, газење на линиите за застанување на пешачки премин каде поминуваа пешаци, преминување од втора лента за приклучување на друга улица пред автобус кој чека на семафор за потоа низ крстосницата да се врати на булеварот. Вака изгледаше „лудото“ возење со автомобилот сопственост на СОЗР, а во кое се превезува министерот за здравство Азир Алиу. Сето ова, се случуваше на булеварот „Партизански одреди“ кој е еден од најфреквентните, пренесува Скопје1.мк.

Снимката предизвика револт, особено што, возачот употребил и флеш-светилки. Дали во автомобилот, во критичниот момент бил и министерот – тој не одговори. За „Скопје1“ посочи дека возачот ќе сноси одговорност.

„Започната е административна постапка за возачот и истиот исто така е казнет од страна на МВР“, вели во кусиот одговор, без да одговори на нашето прашање, дали бил со него во критичниот момент.

Навидум, опасното возење, се случува токму на потегот каде досега има неколку повредени пешаци, а каде велосипедист загина – во Карпош 4 пред „Сити мол“.