(Видео) Миланов: Судскиот совет е катастрофа, сите членови да поднесат оставки

„Она што се случуваше во републичкиот Судски совет јас би го нарекол катастрофа“, вели Еленко Миланов на вечерашното гостување на Трилинг.

Вечерва како гостин во нашата емисија го имаме еден од најекспонираните бранители кој застапуваше дел од преметите за прислушкуваните разговори, адвокатот Миланов кој секогаш нуди интересни информации и интервју кое е исполнето со ексклизивни информации. Во оваа емисија главна тема беа случувањата на судскиот совет.

Негативниот тренд во судството е присутен од многу одамна. Тој започнува од 2005 и постојано паѓа и не знам кога ќе дојде до дното. Не е проблемот само во тоа, туку проблемот е што се појавуваат предмети во кои политичкиот интерес е поголем од фактите и доказите што се нудат во самите предмети, започнува адвокатот.

Тој се осврна на Судскиот совет.

Јас мислам дека во Судскиот систем треба да има реформи, но никој не сака реално да ги спроведе. Она што се случуваше во републичкиот Судски совет јас би го нарекол катастрофа затоа што она што таму се случуваше со погрешна примена на нивните акти или како што тоа многу еминентни стручњаци го нарекоа „злоупотреба на правата и незаконско постапување согласно деловникот“ тоа е недозволено затоа што такво постапување го руши самиот судски совет, вели адвокатот Миланов.

На прашање од новинарот Чомовски кој е најдобар епилог по се ова во судскиот совет, Миланов децидно одговори дека очекува оставки од членовите на судскиот совет, а на нивно место да дојдат нови луѓе.

Ако имаат доблест и ако сакаат добро на правосудството би требало тој самиот републички совет да се распушти и да се изберат нови луѓе коишто таму би дошле и таа функција би ја обавувале, додава Миланов.

Целото интервју со адвокатот Миланов може да го погледнете во продолжение.