(Видео) Мизо: Се соочуваме со рационализација на кадар и намален обем на работа

„Потребно е да бидеме како држава по проактивни виза ви конкуренцијата. Едно е да се привлече инвестиција, друго е да се задржи истата или брзо да се адресираат некои од проблемите со кои ние се соочуваме“, смета Мизо и додава дека постоечките компании членки на Советот за странски инвеститори, минатата година реинвестирале околу 270 милиони во локалната економија.

„Сите сме свесни дека автомобилската индустрија неколку години по ред оди низ различни кризи, без разлика дали е тоа проблем со полуроводници и чипови, војната во Украина, целиот оној дел на синџирите за добавување како влијаеше на истото, потоа она што се случи со короната, дополнително она што се случи со Црвеното море и Хутите и нападите на бродовите, па требаше да се наоѓаат алтернативни начини како прозводите и репроматеријалите од Азија да стгнат тука“, изјави за магазинот „Трилинг“, претседателот на Советот за странски инвестиции Виктор Мизо, околу навестувањето за неизвесна година и драстично намалување на производството во сите странски компании.

Мизо вели и дека врвот на автомобилската индустрија во Европа бил достигнат пред короната 2018-2019. година.

„’Фолксваген’ како најголема европска компанија и втора глобална најголема компанија за производство на возила, во Евроа произвела и пласирала пред короната 3,8 милиони возила. Минатата година таа бројка е само малку над 2,8 милиони возила, што значи дека имаме 25% помало производство и помала побарувачка за нивните производи. Во Европа продажбите се за 25% помали од врвот кој беше постигнат пред короната. Од таа гледна точка Германија во изминатите две години е во техничка рецесија и истовремено цените на возилата с едрастично зголемени. Тука е и конкуренцијата која доаѓа од Кина и многу ефтините возила од таму, кои во многу случаи се со понапредна технологија го намалуваат колачот за европските производители.

-Заради тоа веќе подолго време нашата индустрија се соочува со намалување на обемот на работа и можам да речам дека втората половина на 2024 и претпоставките и плановите за оваа година, во зависност од компаниите, имаме некое намалување помеѓу 10 па дури и од 30%, а други компании па се соочуваат со зголемување на работата. Зависи во кој циклус на инвестиција е компанијата. Ако компанијата сѐ уште има пораст, нови инвестиции, зглемување на обемот на работа, тоа не значи дека има намалување, вели Мизо и додава дека не може директно за секоја компанија да коментира што зошто и како се случило, но она што е важно е целиот процес од реализација на инвестицијата, колку често, колку брзо се има комуникација со менаџерскиот тим на таа компанија на регионално или на глобално ниво.

„Потребно е да бидеме како држава по проактивни виз а ви конкуренцијата. Едно е да се привлече инвестиција, друго е да се задржи истата или брзо да се адресираат некои од проблемите со кои ние се соочуваме“, смета Мизо и додава дека постоечките компании членки на Советот за странски инвеститори, минатата година реинвестирале околу 270 милиони во локалната економија.

Околу деловната клима за привлекување на инвестиции и дали последните информации за затворање на погони, рационализација на кадровските потенцијали се индикатор кој треба да не загрижи, Мизо вели дека рационализацијата кај компаниите кои се соочуваат со намалување на нарачките е нешто што е реалност во бизнис светот.

„Мора да го стегнете ременот и да ги намалите трошоците. Но истовремено сметаме дека целот процес на комуникација со постоечките компании е важна за добивање на информација што се случува во компаниите и како нивните потреби да се адресираат за потенцијално тие или да реинвестираат или оптимизациите во Европа да се случат на наше тло, а не можеби во Полска, во Унгарија, Португалија или на други места, смета Мизо.

Говорејќи за тоа како промените во САД ќе се одразат на релација САД-Европа од економска гледна точка, непредвидливоста на политиките на Трамп во однос на Европа, зголемувањето на царинските давачки, Мизо вели дека има повеќе работи – едно е САД спрема Европа, друго е Европа спрема Кина, истовремено и САД спрема Кина.

„Автомобилската индустрија секогаш треба да планира каде точно да го лоцира своето производство споредбено со локалните пазари, или понекогаш од една локација да произведува глобалниот пазар. Ако се реализира она што Трамп го кажува да се воспостават царински стапки на европски возила, европско произведени возила, пред сѐ луксузни возила кои се увезени во САД, од Германија над 850.000 возила и ако на тие има 10% царина тогаш тоа директно може да влијае колку од тие автомобили ќе бидат продадени во иднина. Тоа може да влијае и на обемот на работа кои и ние како производители на компоненти во Европа го имаме. Така што таа несигурност диртектно влијае и врз нашата локација на капитал на глобално ниво. Истовремено треба да знаеме дека европската економија расте со многу мала стапка на раст. Германија беше две години во рецесија, сега има некој анемичен раст од помалку од 1% и сето тоа влијае на сентиментот на потрошувачката.

„Ние многу зависиме од побарувачката. Побарувачката е онаа врз основа на која ние треба да ги адаптираме нашите активности, бројот на вработени, вредноста на инвестииците, работата на нови проекти.

-Потребна е диверзификација на видот на странски инвеститори кои се привлекуваат во Македонија. Можеби имаме преголема концентрација кон автомобилската индустрија која е многу циклична и која зависи од работи во кои ние немаме никаква контрола, но и дополнително да се размислува не само за производствени сектори, туку за сервисни услужни сектори, каде што интелектуалниот капитал, знаење, способност може да извезува памет, а не само физички производ.

Осврнувајќи се на корупцијата во Македонија и каква порака праќаме како земја кон евентуалните инвеститори, Мизо вели дека тоа е еден од важните фактори при носење на инвестициски одлуки.

„Од моето лично искуство, или искуство од компаниите со кои сме во контакт, голем број од странските компании кои се големи, мултинационални компании имаат внатрешни системи за усогласеност, каде што корупцијата по никаква основа не е дозволена и не се практикува. Така што стандардите по кои овие компании работат и интерните процедури кои ги имаат за проверка се многу стриктни и досега јас се немам сретнато со коруптивни активности кога од страна на државата е нешто побарано од компанијата за која јас работам.

-Дали таа корупција не е присутна во општеството на сите ни е јасно. Борбата против корупцијата е неопходност на секоја држава која претендира да биде член од глобалното семејство. Дека ние преку ноќ ќе станеме Скандинавија, нема да станеме, но треба да задоволиме некои просечни европски вредности и тоа треба да биде стремеж на државата и тоа треба да го направиме првенствено за нас“, вели Мизо.

Целото интервју со претседателот на Советот за странски инвестиции Виктор Мизо, погледнете го во видеото.