Нема табори во Алијанса за Албанците. Легитимно е избран Арбен Таравари да биде претседател, вели Меџити кој дава недвосмислена поддршка за него како лидер на АА во вечерашното издание на „Трилинг“.
Министерот за здравство во заминување, Фатмир Меџити беше нашиот прв соговорник во вечерашното издание на „Трилинг“.
Тој не ги штедеше пофалбите за себеси.
Граѓаните ме застануваат на улици, маркети и велат дека досега немале ваков енергичен министер. Дали некој ќе ме разреши не зависи од мене, започнува Меџити.
Даде пофалби и за неговиот колега министер во МИОА.
Во Собранието има многу квалитетни пратеници кои треба да размислуваат да видат што сме сработиле. Сите граѓани велат дека невиден е ваков стил со кој работиме претходните 11 месеци. Јас во здравство, а министерот Алиу во МИОА, потенцира тој.
Тој даде целосна поддршка за Таравари.
Нема табори во Алијанса за Албанците. Легитимно е избран Арбен Таравари да биде претседател, вели Меџити.
На прашањето „Кој го создаде раздорот во Алијанса за Албанците“, Меџити вели дека ова е „природна селекција“.
Ова има еден дел што беше ДУИ во Алијанса. Ова е природна селекција. Вакви термини употребуваме и во здравството. Најдобро е да има природна селекција, а така се чисти партијата. Ме радува тоа што голем број на наши поддржувачи и граѓани се зачленуваат во АА, додаде тој.
За следните избори Меџити вели дека на следните избори тие ќе одат со албанската опозиција.
Сега е време еднаш засекогаш една диктатура од ДУИ еднаш засекогаш да си замине, категоричен е Меџити.
Што се однесува до состојбите во македонското здравство, пред се Меџити се осврна на случувањата на Онкологија.
Еден од иницијаторите да се расветли случајот за Онкологија сум јас. Во неколку наврати од моја страна, за што Обвинителството велеше дека вршам притисок, беше барање да се постапува. Верувам во законите на државата и верувам дека треба уште поенергично да се работи. Виновниците треба да се знаат со име и со презиме, дециден е Меџити.
Што се однесува до опструкциите со кои се соочува министерството за здравство, Меџити вели дека истите доаѓаат од еден човек – Артан Груби.
На тема за клиничкиот центар, Меџити вели дека не ветувал ништо за кое што немал сигурност дека ќе се направи.
Меџити вели дека еден од најголемите проблеми се партиските вработувања.