(ВИДЕО) Меџити: ДУИ се крие, почетокот на демонтажа на Ахмети е почнат!

➡Ниту Али Ахмети, ниту некој друг од ДУИ не ни ја честитаа победата. Ни јавно, ни приватно. ➡Меѓународниот притисок, домашната јавност се едни од причините заради кои влеговме во Влада со Заев. И тогаш постоеја превирања во ДУИ. ➡Говорејќи за последниот Извештај на ЕК околу системските недостатоци и целосната стагнација на државата, Меџити смета дека е потребна сериозна анализа и во однос на заклучоците да се преземат одредени мерки.

„Сликата да се наметнам за нов градоначалнички мандат ја наметна ДУИ. Сега одиме на локални решенија, локални теми. Тие цело време играа на легитимитет, на референдум, на голем српски свет, за сѐ и сешто. Моментот кога нивна цел беше Тетово, посебно Чаир, ние одговоривме на овој предизвик. Резултатот е тој во корист на ВЛЕН“, вели за магазинот „Трилинг“ еден од фронтмените на Коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити, кој важи за еден од најзаслужните за Коалицијата ВЛЕН.

„Ниту Али Ахмети, ниту некој друг од ДУИ не ни ја честитаа победата. Ни јавно, ни приватно“, вели Меџити.

На прашање дали е ова почеток и крај на демонтажата на Ахмети, Меџити смета дека крајот е од поодамна, односно пред т.н „Огнената револуција“

„Меѓународниот притисок, домашната јавност се едни од причините заради кои влеговме во Влада со Заев. И тогаш постоеја превирања во ДУИ“, вели Меџити.

„Сега за жал ДУИ веќе нема капацитет за реформи. Ги „изгоре“ сите играчи, сега се сами, немаат играчи за битки и мислам дека сигурно одат на патот кон „ПДП“.

Меџити не гледа проблем во прекројување на парламентарното мнозинство.

„И до сега не беше проблем, но од сега сметам дека „Бадентер“ ќе биде со мнозинството.

Говорејќи за последниот Извештај на ЕК околу системските недостатоци и целосната стагнација на државата, Меџити смета дека е потребна сериозна анализа и во однос на заклучоците да се преземат одредени мерки.

„Мислам дека забелешките постоеле за подобрување на системот. Владата се соочи со лошо владеење и нејзините последици. Сега ќе имаме постабилен терен да се посетиме на евроинтегративниот процес“, потенцира Меџити.

Целиот разговор погледнете го во видеото.