(Видео) Меџити: Ако Албанците се чувствуваа добро во МАНУ, немаше да има потреба од отворање Албанска академија на науките

Не гледам ништо лошо во тоа да се создаде Албанска академија на науките. Во Македонија има 30-тина македонски институти, некој е за историјата, друг за јазикот…на крај краева тие се институции за развој на науката, на општеството, изјави Изет Меџити од коалицијата Вреди за „Трилинг“.

Зошто се става етнички предзнак, кога во земјава ја има МАНУ во која има и академици Албанци, Меџити вели дека ако се отворат вратите и Албанците се чувствуваат добро во МАНУ, нема да има потреба од вакви идеи.