„Наративот кој што се градеше од страна на ВМРО-ДПМНЕ и од опозицијата генерално дека СДСМ води антимакедонска политика. Наративот дека СДСМ и ја препушти власта на ДУИ, ова според мене е една од главните причини што влијаеше на успехот на ВМРО-ДПМНЕ и неуспехот на СДСМ. Кампањата разбуди многу етнонационалистички чувства кај Македонците“ вели аналитичарот Ибрахим Мехмети во најновото издание на Трилинг.
За ДУИ, тој рече „според резултатите победија, ДПМНЕ сака да покаже дека одлучува кој ќе биде во Влада, јас така го чита тој одбивен однос, априори. Што ќе биде потоа, тоа е нова тема“.
„Секогаш треба да се води сметка да се задржат коректни релации со сите партии. ВМРО има тенденција да нагласува за борба против корупција и зајакнување на економијата. Трошењето беше нерационално. После 8 години сега ДПМНЕ може да каже дека има нови луѓе, но можеби се во сенка на истите политичари од претходно. Треба да видиме колку е реална внатрешната обнова на партијата. Ја слушав и кандидатката за претседател, тврдеше ние треба да ги направиме стандардите“ вели Мехмети.
На прашање дали Али Ахмети ќе ги ослободи институциите, вели „за ВМРО ќе беше посоодветно да го прилагоди вокабуларот. Сите треба да гледаат малку пошироко. Без оглед кого ВМРО ќе покани во Владата, никогаш не се знае што не чека“.
„Македонската страна има многу причини за да бидат задоволни од евроинтеграциите. Ако ние како кандидат поставуваме услови, не знам тоа колку може да помогне. Има многу држави кои мислат дека имаат право, но некогаш мора да се гледа и другата страна. Не викам дека не треба Македонија да се бори да ги ублажи условувањата, но начинот треба да е конструктивен. И Бугарија не беше толку силна кога беше надвор од ЕУ, сега може да поставуваат вета“ смета Мехмети.