(Видео) Меси го удри ривалот со лакт, па го фати за врат – помина без картон

Фудбалската репрезентација на Аргентина по 25 натпревари во квалификациите за Светското првенство е поразена од селекцијата на Уругвај со 2:0.

Иако „гаучосите“ останаа на првото место, во Буенос Аирес владееше голема тензија, а посебно се налути Лионел Меси.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња во еден момент почна да го гуши противникот Матиас Оливеира.

Во таа прилика Меси најпрвин со лакт го удри Оливер во градите, а потоа го фати за врат.

Судијата одлучи дека нема потреба да покажува картони во таа ситуација, дури ни на играчот на Интер Мајами.

„Можеби е подобро да не го кажувам она што го мислам, но овие млади луѓе треба да научат да ги почитуваат своите постари“, рече Меси.