Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) е кандидатка за претседател на Република Македонија, а вечерва таа беше и еден од нашите соговорници во најновото издание на „Трилинг“.
За нејзината претседателска кандидатура таа вели дека е горда бидејќи е дел од бошњачката етничка заедница, но дека би била претседател на сите граѓани.
Ми беше чест да бидам кандидат за претседател, за првпат Бошњаците ќе имаат свој кандидат, БДС за првпат ќе има свој кандидат. Тоа што ме дефинира по етничка припадност како припадничка на бошњачката етничка заедница не значи дека ќе бидам само за бошњаците туку оваа форма на „кампања“ е за сите граѓани како кандидатка, вели Смаиловиќ за „Трилинг“.
Таа меѓуетничките односи ги опишува како нешто што заедно го градиме сите граѓани.
Ние како народ сме уставотворен народ, ние бошњаците а тоа за нас е обврски и аманет. Ние ја градиме оваа држава. Сметам дека кога се зборува за „меѓуетнички тензии“ се мисли за тепања, карања, но зборуваме за суштински момент. Зборуваме чија е Македонија дека дадеме на еден народ… Правата припаѓаат на сите, што повеќе права имаме толку повеќе имаме повеќе и заедно ја градиме оваа држава, вели кандидатката за претседател.
Секогаш ме плаши моментот на предизборна кампања.
Предрасудите постојат кај граѓаните. Иако се обидувам да придонесам за кампањата, голем број од коментарите се за мојата облека. Луѓето судат за мене за тоа што го гледаат однадвор наместо да слушнат што имам да кажам. Тие живеат во својот свет на предрасуди и мислат дека не една жена не ѝ припаѓа да биде дел политика. Јас не се вклопувам во таа идеална слика, вели таа.
Потенцира дека треба да се цени квалитетот, наместо етничката припадност.
Моќта кај граѓаните да кажат на сите политичари дека е доста од етнички поделби, доста е од поделби заради етнички заедници. Да го цениме квалитетот, вели таа.
Даде своја реакција на нападите од ВМРО-ДПМНЕ од пред неколку години.
Јас кога би имала свој личен кабинет надвор од државните институции би го истакнала знамето на мојата заедница, вели таа како реакција на навредите кои ги има добивано од ВМРО-ДПМНЕ каде Смаиловиќ има поддржано членка на еврејската заедница.
На крајот од емисијата таа категорично вели дека се надева на жена претседател.
Се надевам дека првпат ќе имаме претседателка, ќе избереме за првпат претседателка. Тргнав со кампањата дека ќе бидам првата претседателката. Претседателот има лимитирани можности, парламентарните избори се многу поважни за граѓаните, вели таа.
Целото интервју може да го погледнете во продолжение: