
Министерството за внатрешни работи соопшти нови детали за обидот за опожарување на синагогата во Скопје.
Според информациите од МВР, денеска во 07:22 часот во СВР Скопје, лицето Ј.Ј. пријавило дека на улицата Апостол Гусларот, во дворот на верски објект, забележал канистар за гориво и траги од горење, објави Скопје1.мк.
По добиената пријава, полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и започнале со увид, при што се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
За обид за палење на објект на Еврејска заедница во Македонија, веќе има реакции и осуди во јавноста.
Истрагата е во тек, а од МВР најавуваат дека по нејзиното завршување ќе следуваат соодветни поднесоци против сторителите.
— Vivian Aisen 🇮🇱 (@VivianAisen) April 12, 2026