(Видео) Масовни протести во Белград и Ниш

Големиот студентски протест во центарот на Белград, на кој се приклучија земјоделци и бројни граѓани, започна со скандирања „Вучиќ, оди си“ и „Рацете ви се крвави“.

Големиот студентски протест во центарот на Белград, на кој се приклучија земјоделци и бројни граѓани, започна со скандирања „Вучиќ, оди си“ и „Рацете ви се крвави“.

Десетици илјади луѓе го исполнија просторот околу плоштадот Славија и околните улици во центарот на Белград, јави Бета.

Мобилните врски во центарот на Белград не функционираат, јави ТВН1.

Протестот во Ниш започна и во 16 часот, со 16-минутно молчење за почит на жртвите во Нови Сад и Загреб.

Студентите во Србија најавија протест во Белград на кој ќе се приклучат и земјоделци, актери, граѓани. Тие заедно бараат одговорност за трагедијата во Нови Сад и гонење на насилниците кои со недели провоцираат на мирните блокади.

Своето присуство на протестот го најавија земјоделците и актери како форма на поддршка за студентите.

Земјоделците, кои изминативе денови ги блокираа патишта  бараат разрешување на премиерот Милош Вучевиќ, ресорниот министер и претседателот на собраниската Комисија за земјоделство.

На протестот, како што е најавено, ќе се приклучи и иницијативата „Мостот останува“, која се противи на отстранувањето на Стариот савски мост во Белград.