Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, кој е во дводневна посета на Украина, објави дека утрото го поминал во засолниште поради сирените за воздушен напад што се огласија низ Киев, проследено со серија експлозии во Киев и бројни украински градови.
„Го започнувам утрото во засолништето додека се огласуваат сирените низ Киев. Ова е секојдневната реалност на храбриот украински народ, откако Русија ја започна својата нелегална агресија“, напиша Борел на платформата Х.
Русија изутрината изврши ракетен напад врз Киев и други украински градови, соопшти украинското воздухопловство, а во главниот град се слушнаа неколку експлозии додека системи за противвоздушна одбрана беа ангажирани во одбивањето на нападот.
Силни експлозии се слушнале во Киев непосредно пред 7:00 часот, изјавиле очевидци за агенцијата Ројтерс. Еден човек е убиен во јужниот град Миколаев, а девет лица се ранети во Киев.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм објави дека се ангажирани системи за противвоздушна одбрана. Тој додаде дека делови од главниот град денеска останале без струја, откако соборена руска ракета ги оштетила далноводите.
Kyiv now. Russia and all its allies must be punished!#RussiaIsATerroristState #RussianWarCrimes pic.twitter.com/sBI8eMaVhi
— Devana 🇺🇦 (@DevanaUkraine) February 7, 2024