Пливачот Марко Пејчиновски по речиси 22 часа во вода успеа да преплива неверојатни 64 километри во Охридското езеро на релација Охрид-Струга-Свети Наум-Охрид.
Тој започна со пливање вчера нешто пред 12 часот на пладне, а утринава пред 10 часот пристигна на охридското пристаниште.
Пејчиновски летово преплива вкупно 250 километри во Охридското езеро, бидејќи денешниот подвиг за него беше 10-то пливање на долга релација.
1 препливување, Радожда – Охрид, 14 километри, пет часа, 25 минути и девет секунди
2 препливување, Радожда – Градиште, 18 километри, 6 часа и 40 минути
3 препливување, Радожда – Трпејца, 20 километри, 6 часа 4 минути и 39 секунди
4 препливување, Струга – Св. Наум, 30 километри, 9 часа и 26 минути
5 препливување, Струга – Пештани, 21 километар, 7 часа 5 минути и 59 секунди
6 препливување, Струга – Градиште 22 километри, 6 часа 53 минути и 20 секунди
7 препливување, Радожда – Трпејца – Градиште, 24 километри, 6 часа 52 минути и 15 секунди
8 препливување, Заум – Охрид, 18 километри, 5 часа 16 минути и 15 секунди
9 препливување, Градиште – Трпејца (Стог) – Охрид 20 километри, 5 часа и 59 минути
10 препливување, Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид, 64 километри, 21 час, 42 минути.
Вака изгледаше денешниот пречек на пристаништето во Охрид: