(Видео) Манчестер Сити го доби дербито против Челси
Во рамките од првото коло во Премиер лигата, фудбалерите на Манчестер Сити како гости со 2:0 славеа против Челси.
На стадионот „Стемфорд Бриџ“ во Лондон тимот на Пеп Гвардиола стигна до првите бодови во новата сезона со головите на Халанд и Ковачиќ.
Во текот на првото полувреме Ерлинг Халанд по асистенцијата на Бернардо Силва во 18 минута донесе водство од 1:0 за „граѓаните“.
Халанд најавува дека и сезонава ќе биде еден од најдобрите стрелци во редовите на Сити, на 100 меч во дресот на клубот го запиша 91 погодок.
Непосредно пред паузата домаќините постигнаа гол преку Николас Џексон, но истиот беше поништен поради офсајд после ВАР снимката. Конечниот епилог го постави Матео Ковачиќ во 84 минута.
Претходно екипата на Брентфорд на домашен терен триумфираше против Кристал палас со 2:1.