Македонски режисер со богато портфолио. Со бројни престижни признанија зад себе, Милчо Манчевски е човекот со кој вечерва разговаравме на многу теми во „Трилинг“.
Манчевски смета дека во светот е многу ценет, но тоа не е случај со Македонија.
Кај нас во моментов тоа што досега сум го постигнал работи против мене. Досегашниот мој успех и квалитетот што го нудам се минус. Веројатно на некои луѓе им го нарушувам владеењето на медиокритетот, вели Манчевски за „Трилинг“.
Манчевски вели дека македонско учество за филмовите кои ги работел е само 28 отсто, а останатото е учество од странски инвеститори, најчесто странски влади. Како пример Манчевски наведува влади на Велика Британија, Франција, Белгија и слично.
Во „Пред дождот“ Македонија учествувуаше со 7% од целиот буџет, тогашни околу 150 илјади германски марки. Во последниот филм „Кајмак“ кој го спомнавте колку е собран кајмакот? „Кајмак“ е поддржан од агенцијата за филм за половина помалку пари одошто во исто време е поддржан „Хомо“. Филм кој исто така го поддржа Агенцијата за филм. Повеќе од половина буџет на „Кајмак“ беше од странски извори, вели Манчевски.
Режисерот раскажува дека „Кајмак“ е успешен и продаден во повеќе од 40 земји.
Манчевски раскажува за актуелните проекти, Агенцијата за филм, Министерството за култура и проектите кои се блокирани моментално. Тој вели дека хонорарите кои ги добива се „смешни“, замерките од противниците вели дека ќе ги докаже на суд, а како најголем проблем во нашето општество за посочува корупцијата.
Манчевски негира дека крие финансиски извештаи за „Мајки“ и „Сенки“.
Секој треба да одговоара и никој не е над законот. Агенцијата за филм и тие 6 луѓе кои во моментов ја приватизираа филмската индустрија во моментов пласираат невистини за мене преку партиски медиуми. Извештаи се поднесени. Доколку не беа поднесени извештаи како агенцијата за филм или министерството за култура ќе продолжеа да соработуваат со мене, вели Манчевски.
Тој вели дека од неговите филмови омилен му е „Мајки“, а истиот најреално ја опишува ситуацијата во македонското општество.
Како учесник на протестите во „Шарената револуција“ вели дека многу од очекувањата не се исполниле.