(ВИДЕО) Мангова: Како држава чувствуваме застој на европските интеграции

➡„Мислам дека ние како држава веќе подолг период ги чувствуваме последиците од застојот во европската интеграција и тоа го гледаме преку големиот степен на иселување на граѓаните, незадоволство од квалитетот на животот во земјата, слабоста на испорака од државните институции кон граѓаните“, вели за „Трилинг“ политикологот Илина Мангова.

„Мислам дека ние како држава веќе подолг период ги чувствуваме последиците од застојот во европската интеграција и тоа го гледаме преку големиот степен на иселување на граѓаните, незадоволство од квалитетот на животот во земјата, слабоста на испорака од државните институции кон граѓаните“, вели за „Трилинг“ политикологот Илина Мангова.

Околу меѓуетничките односи таа смета дека тие се водени од меѓу партиските релации.

„Дали ќе бидат меѓуетничките односи стабилни или нестабилни зависи од партиско-политичка одлука и тука препораката би била дека не треба да се злоупотребуваат меѓуетничките односи за подобрување на партиските позиции во јавноста.

-Мораме да се прифати дека меѓуетничките односи треба да се нешто што треба да се негува па и по цена на нечива политичка кариера“, вели Мангова.

Целото интервју погледнете го во видеото