Адвокатот и поранешен антикорупционер Драган Малиновски гостуваше во вечерашното издание на „Трилинг“, а со него анализираме дали со измените на Кривичниот законик и носењето на Закон за амнестија е уште еден удар врз политиката на неказнивост и ерозија на правниот систем.
За последното законско решение со кое се намалуваат многу казни адвокатот се осврна на ставот 5 од членот 353.
Она што по лично не жалам тоа е елиминирање на ставот 5 од членот 353 затоа што промовира нееднаквост помеѓу сопственистите. Ставот 5 многу построго ги казнува сторителите каде е загрозено добро државната сопственост. Зошто приватната сопственост која е загрозена во претходните 3-4 члена е помалку заштитена од сопственоста на државата, заклучува Малиновски.
Тој потенцира дека според него непотребно е намалувањето на казните во претходните ставови, особено во ставот 3 и тој додава дека оваа измена според него е направена во несоодветен тајминг.
Без сериозна дебата и набрзина беа донесени измените. И јас бев изненаден од соопштението на Врховниот суд во кој се вели дека до него бил доставен текст со измени кои се однесуваат на други одредби кои се однесуваат на Кривичниот законик, но не и ова што е малку неверојатно. И кај ДКСК бил доставен текст без проблематичните одредби од членот 353.
Тој напомена дека ова е направено во погрешен временски период гледајќи од аспект на борење со корупцијата.
За одолговлекувањето на делата адвокатот Малиновски рече дека станува збор за работа за која треба обемна анализа бидејќи зависат повеќе фактори.
Адвокатот Малиновски направи споредба на ова дело со останати и даде пример со криумчарење мигранти казната затвор е најмалку 8 години.