„Во тежок свет живееме, многу е тешко да се дефинира. Животот не е лесен, околностите диктираат, од нас зависат малку работи. Генерално сме ограничени од факторите. Важно е ми се чини да се спореди со периоди од минатото, но има елементи што се подобрени. Постојано наоѓам пунктови од историјата со кои можам да со споредам нашето време“ – вели проф. д-р. Калина Малеска – автор на книгата „Светот што го избрав“ во најновото издание на Трилинг.
За главниот лик во романот ќе каже „Леона е лик кој се обидува да се бори со околностите, сакав да има лик кој е во тешка состојба, но почнува да станува проактивна“.
Многумина ќе кажат дека проф. Малеска е една борбена феминистка, таа вели „не сум знаела за таква перцепција, драго ми е“.
На прашање дали сме поданици на моќта на поединци ќе каже: „Се надевам дека не сме, верувам дека не сме“.
„Ја забележувам апатијата кај луѓето, разбирливо е, луѓето се чувствуваат немоќни за тоа како функционира државата. И како поединци се чувствуваме разочарани, кога се обидуваме да направиме нешто, а не оди. Верувам дека човек ако и се предаде на апатијата, дури тогаш не може ништо да направи. Мала промена на краток период е невидлива, но во подолг период тие промени ќе се забележат. На пример, состојбата на жените во 19 век и денес е сосема различна. Со секоја постапка која ја правиме се менува светот“ вели Малеска.
На прашање на што ја асоцира текстот на македонската химна, впрочем создаден од нејзиниот дедо Владо Малески, ќе рече „ми звучи оптимистички, затоа ми е близок“.