Маж се самозапали пред израелската амбасада во Вашингтон, соопштија американските служби за итни случаи.
Како што јави Би-би-си, инцидентот се случил во неделата околу 13 часот по локално време.
Службениците на американската тајна служба успеале да го изгаснат пожарот, по што мажот бил пренесен во болница со повреди опасни по живот.
RIP 🙏
This young soldier did something unbearable bloody sad 😔 in front of the Israel embassy in DC pic.twitter.com/6nTf81AQ0E— Robert Simpson (@RobertS28049870) February 26, 2024
Американските медиуми подоцна ја цитираа портпаролката на американските воздухопловни сили дека човекот бил активен воздухопловец на американската армија.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како маж извикува „Слободна Палестина“ додека гори, објавија американските медиуми.
На местото на настанот е испратена и Единицата за деактивирање бомби поради загриженост за сомнително возило кое може да биде поврзано со лицето. Но, возилото е прогласено за безбедно откако во него не биле пронајдени опасни материи.
Во инцидентот нема повредени од персоналот на амбасадата, изјави портпаролката на амбасадата за „Њујорк Тајмс“.
Во соопштението, израелското Министерство за надворешни работи рече дека човекот не бил познат на персоналот на амбасадата.
Истрагата на полицијата во Вашингтон, Тајната служба и другите релевантни органи е во тек.