35 годишник од селото Долно Оризари запалил казино во Битола, а како што се гледа и на снимката во тој момент казиното е полно со луѓе.
За оваа ситуација се огласија и од Основното јавно обвинителство во Битола од каде што велат дека поведена е постапка против жителот на селото Долно Оризари. Оттаму додаваат дека тој е осомничен за кривично дело „Предизвикување општа опасност“.
Бензин врз шест слот машини
Инцидентот се случил оваа сабота, на 2 март во раните утрински часови кога осомничениот влегол во казино на улицата „Лазо Трповски“ во Битола. Непосредно потоа тој се качил на спратот од објектот каде што имало и други лица, па истурил бензин врз шест слот-машини и ги запалил. 35 годишниот маж предизвикал пожар кој зафатил дел од инвентарот и предизвикал значителна опасност по животот и телото на луѓето и по имотот во објектот.
Во продолжение може да го погледнете и видеото
Засега е определена мерка притвор во траење од осум дена за осомниченото лице.
И битолските медиуми јавуваат за овој настан, а таа видео снимка може да ја погледнете во продолжение:
На крајот, за среќа нема повредени лица.