(Видео) Лукаревска најавува голема афера: Мрежа на нафтени компании сакале да го изиграат системот!

Заменик претседателката на СДСМ – Сања Лукаревска и директорката на УЈП вечерва гостуваше во Трилинг и со неа зборувавме за актуелните случувања во УЈП, Исмет Гури, владеењето на СДСМ, ДУИ, „недопирливите функционери“, криминалот, стратешките партнери. Освен ова, таа најави и голема афера за нафтени компании која ќе ја обелодени наскоро целосно и јавноста ќе дознае за криминални активности и даночна евазија на некои правни субјекти.

Лукаревска за Ковачевски вели дека се знаат долги години и дека со премиерот има одлична соработка уште од времето кога Ковачевски бил заменик министер за финансии.

Гостинката Сања Лукаревска за шпекулациите дека е поблиска до Зоран Заев отколку до Ковачевски вели дека тоа е неточно, а таа е припадник на СДСМ и ги почтува сите раководства од кога е активна во оваа партија до денес.

Единствено што дозволувам за мене да се каже е дека сум припадник на СДСМ, не сум ничиј полтрон, меѓутоа ги почитувам сите раководства досега. Тоа е моја доблест и култура на однесување, вели Лукаревска.

За листата на должници во УЈП директортката на оваа институција се осврнува дека се намалува бројот на должници.

 Ние ги имаме употребено и споредено сите можни наши механизми да го наплатиме данокот кој го должат даночните обврзници. Кај дел од нив имаме неможност за било каква наплата затоа што оптуѓен е имотот. Неколку популарни даночни обврзници кои беа во интерес на јавноста. Во секој случај, се намалува бројот на должници истовремено и износот на даночниот долг, вели Лукаревска.

Лукаревска вели дека наскоро на прес-конференција ќе испрезентира мрежа на

Ќе ја испрезентираме таа мрежа на нафтени компании која што е во соодветен дослух со бензински пумпи и врз основа на тоа како сакале да го изиграат системот. На некој начин сакаат да испумпаат од буџетот фиктивен ДДВ, потенцира Лукаревска и најавува обелоденување на сите детали за јавноста.

Лукаревска одбива дека со оваа влада има неказнивост и потсетува за претходниците. „Имавме период кога тенденциозно се постапуваше“, поентираше Лукаревска.

За Исмет Гури вели дека добил соодветни санкции од надлежните институции.

Ако бил трул системот сигурно Исмет Гури не би бил во притвор, кратко потенцира Лукаревска.

Даде свој коментар и за конфискацијата на имотот и „потсети“ дека сега е друго време.

Во оваа држава криминалот има име и презиме. Измените во КЗ не се донесени преку ноќ, но тие овозоможија побрза конфискација на имотот на сите кои мислеа дека удобно ќе седат како во некое друго време, вели директорката на УЈП.

Лукаревска вели дека главните анкети ќе бидат на денот на изборите. Таа потсетува дека и во 2020-та година ВМРО-ДПМНЕ воделе на анкетите, но на денот на изборите не се случило тоа.

Целото интервју со Сања Лукаревска може да го погледнете во продолжение: