(Видео) Летаат столови, боксови, пцовки: Масовна тепачка во Црна Гора

Црна Гора е популарна дестинација за македонските граѓани во летото, а на интернет се појави снимка од масовна тепачка во едно популарно летувалиште.

Во ресторан во населбата Рафаиловиќи во Будва дошло до жестока тепачка меѓу вработените во ресторанот и гостите.

Како што пренесуваат црногорските медиуми, по расправија со гостин, сопственикот на барот и келнерите земале столчиња и почнале да го удираат човекот. Безмилосно го тепале, по што паднал на земја.

Медиумите информираат дека полицијата земала изјави, но сè уште нема детали за инцидентот.