(Видео) Лео Меси со два гола го водеше Интер Мајами до нов успех

Лионел Меси уште еднаш го предводеше Интер Мајами до успех. Овојпат „чапјите“ го совладаа Нешвил во првенството со 3-1.

Веќе во втората минута Франко Негри си постигна автогол, но девет минути подоцна Меси искористи една мешаница во шеснаесетникот и израмни.

Во вториот дел Лео Меси изведе пенал во 81. минута и го реши натпреварот во корист на својот тим.

На табелата, Интер Мајами е лидер со 18 бодови, но и со меч повеќе од своите конкуренти.

Исто така, Меси се искачи на второто место на листата на стрелци со седум гола, еден повеќе од Аранго од Солт Лејк.