
Македонец, лекар на Воено медицинската академија во Софија се соочува со казна затвор и до пет години откако со автомобил прегази куче, маалски миленик во населба во главниот бугарски град.
Објавени се снимки од надзорни камери кои покажуваат дека тој го гази кучето, излегува од автомобилот, го гледа згмеченото куче, се враќа во автомобилот и вози преку кучето и заминува.
Соседите од маалото кои се грижеле за кучето, за кое велат дека било мирно и старо 12 години, организираа протест со барање да бидат применети најстроги казни.
Гаражата на човекот што го прегази кучето била обоена со натпис „Убиец“.
Тој е доктор на Воено-медицинската академија. „Како може доктор кој е одговорен за спасување животи да му го одземе животот на ’рбетно суштество. Шокирана сум“, вели жена која живее во соседството..
Соседите велат дека човекот се иселил од зградата, живеел во неа под кирија, пренесуваат бугарските медиуми.
„Намерно го прегази кучето со кола. Можеби очекуваше да се помести, но е старо – 12 години старо, нема таква реакција“, рече жена што живее во блокот.