(Видео) Левица најави свој кандидат за претседател на Македонија

Партијата Левица со промотивно видео најави дека ќе има свој кандидат на претстојните претседателски избори.

– Време е македонскиот народ да се заложи за себе храбро, чесно и борбено. Левица го нуди единствениот избор во клучен момент. Претседателски кандидат со решителност и храброст да каже не на раскрчмувањето на Македонија – стои во описот на видеото.