(Видео) Кристијано Роналдо го постигна 903. гол во кариерата – во С. Арабија нема утнато пенал

Ал Наср ја совлада екипата на Вехда со 2:0 во петтото коло од саудиската Премиер лига.

Вториот гол за Ал Наср го постигна Кристијано Роналдо од пенал и сега е на 903 гола во професионалната кариера.

Ниту еден фудбалер нема постигнато голови на официјални натпревари како Кристијано Роналдо, а ниту еден не ни извел толку многу пенали како Португалецот, на кој хејтерите уште кога играше за Реал Мадрид му смислија прекарот „Пеналдо“.

Роналдо е одличен реализатор на пеналите, ретко греши кога шутира од белата точка, а откако е во Саудиска Арабија, има 100 процентна реализација.

Во дресот на Ал-Наср извел 17 пенали и сите беа голови.