
(Видео) Кржаловски: Потребни се брзи и ефикасни системски решенија, работите одамна се испуштени од контрола
🔴 Антикорупциска во претходниот состав практично успеа да исплива некако и заедно со Државниот завод за ревизија беа едни од најценетите институции. Веројатно овој случај ќе ја намали довербата повторно, бидејќи треба да бидат на браникот на борбата против корупцијата. ➡Второто е личниот пример, бидејќи на крајот институциите ги прават луѓето кои се во нив и ако таму нема елементарен интегритет секако дека не може да се очекува реална борба против корупцијата, изјави во „Трилинг“ првиот човек на МЦМС Кржаловски околу тоа дали со обвинувањата за вмешаност на првата антикорупционерка Димитровска во случајот „Адитив“ се корумпира целиот кредибилитет и работата на ДКСК чија главна цел е да разоткрие корупција и да ги лоцира главните системски проблеми. ➡Говорејќи за евроинтегративниот процес, Кржаловски вели дека ситуацијата е таква каква што е и не гледа дека ќе се промени во брзо времено особено ако и понатаму се одложуваат уставните измени или било каков процес околу тоа, некакви гаранции за понатамошни деблокади. Земјите кои станаа членки многу добија. Економски пред сѐ. Поентата е што побрзо да се стане член. Она што мене ме секира е дека и Украина и Молдавија може да не престигнат и да станат членки до 2030 година“, вели Кржаловски и смета дека Македонија треба што побрзо да го фати чекорот, бидејќи, како што вели, „нема суштински проблем со внесувањето на Бугарите и други заедници во Уставот“.
„Мислам дека е реален напорот да се направи системска промена, бидејќи катастрофата (пожарот во дискотеката ‘Пулс’) е од такви размери да сите не потресе, вклучително и луѓето што се сега на власт. Дури и мислам дека има и голема поддршка да има таков ресет на системот и масовна акција работите навистина да се променат. Прашање е дали ќе ги има и во која мерка, бидејќи не е лесно, од една страна очекувањата на граѓаните се големи и за казнување на сторителите и за навистина на демонтажа на системот да се спречат вакви случаи во иднина, но и пошироко, навистина корупцијата да почне да се искоренува и во догледно време да биде во рамките на европскиот просек“, вели директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), говорејќи дали е тоа алиби или купување на време за да се менаџираат последиците од трагедијата во Кочани?
За тоа како е можно по 10 месеци практикување на власт, власта да биде изненадена и шокирана од длабочината на општествената хипокризија и канцерот во кој е заглавена државата односно корупцијата во која подолг период тонеме, Кржаловски вели дека она што него го изненадува е зошто споро одат работите.
„Не се работи само за корупција и за организиран криминал и нефункционалност на системот, туку генерално за повеќето други работи, бидејќи во претходната серија на владеење од 11 години релативно брзо дејствуваа, можеби некогаш погрешно, но ако ништо друго бевме навикнати на брзи и ефикасни решенија. Можеби едно објаснување или оправдување за нив е дека се работи посистематски, односно се мерат работите пред да се пресечат“, смета Кржаловски.
Одговорајќи околу системските аномалии и дали ние дефинитивно сме држава на мафијата или за мафијата, Кржаловски вели дека на некој начин тоа може и така да се толкува, но тој тоа не би го класифицирал така.
„Дека сме ги испуштиле работите од контрола е многу евидентно и тоа е од многу одамна и за жал тука дури и ЕУ е крива бидејќи од кога ги добивме препораките за членство и имавме најдобри оценки во 2011 година некако почнаа да се растураат работите. Дали и тие луѓе што беа на власт заклучија дека полесно ни е со нашиот буџет да злоупотребиме или да употребиме дел од средствата за личната корист и така почнаа да се растураат и да се намалуваат постигнувањата што веќе ги имавме во смисла на усогласување со европските стандарди“, вели Кржаловски.
Кржаловски: Меѓупартиски договор се забележуваше при самиот избор на членови на ДКСК
„Ова ја намалува довербата на ДКСК. Генерално довербата на институциите и на политичките партии во Македонија е многу ниска. За правосудството и да не збориме. Антикорупциска во претходниот состав практично успеа да исплива некако и заедно со Државниот завод за ревизија беа едни од најценетите институции. Веројатно овој случај ќе ја намали довербата повторно, бидејќи треба да бидат на браникот на борбата против корупцијата.
-Второто е личниот пример, бидејќи на крајот институциите ги прават луѓето кои се во нив и ако таму нема елементарен интегритет секако дека не може да се очекува реална борба против корупцијата, изјави во „Трилинг“ првиот човек на МЦМС Кржаловски околу тоа дали со обвинувањата за вмешаност на првата антикорупционерка Димитровска во случајот „Адитив“ се корумпира целиот кредибилитет и работата на ДКСК чија главна цел е да разоткрие корупција и да ги лоцира главните системски проблеми.
Кржаловски вели дека првиот чекор е на самата претседателка.
„Дали таа ќе се одлучи да поднесе оставка или не. Колегите од платформата за Борба против корупција уште при изборот укажаа дека има аномалии при самиот процес, дека се забележуваше партиски договор во изборот на дел од членовите и беше чудно со 100 бода да бидат оценувани некои кандидати, така што пропустот е делумно уште таму и пак ќе се сведе на интегритетот не само на кандидатите туку и на тие што се во комисиите за избори и иако се партиски пак треба да се водат од квалитетот на кандидатите, а не од партиски договори дали и како ќе се составуваат овие независни тела“, смета Кржаловски.
Говорејќи за евроинтегративниот процес, Кржаловски вели дека ситуацијата е таква каква што е и не гледа дека ќе се промени во брзо времено особено ако и понатаму се одложуваат уставните измени или било каков процес околу тоа, некакви гаранции за понатамошни деблокади.
„Мислам дека овој нов состав на Влада се обиде да направи отстапки од Бугарија и од ЕУ. Сите работи што ги кажуваа во предизборието мисла дека ги пробаа – да донесеме уставни измени сега но да бидат со одложено дејство, да се промени преговарачката рамка, Бугарија да направи некој чекор на добра волја, но мислам дека Бугарија многу брзо ги торпедира сите тие обиди и е јасно дека ЕУ и ЕК немаат намера да се расправаат со Бугарија повторно за тоа“, вели Кржаловски и додава дека сега прашањето е на проценка дали и кога ќе го направиме тоа.
„Мислам дека и прилично експлицитна беше и Марта Кос дека не можат да се дадат никакви цврсти гаранции бидејќи на крајот земјите одлучуваат дали ќе стават вето или не. Она што веројатно може да се издејствува е да нема билатерализација на преговорите понатаму, но пак ќе остане обврската да го направиме тоа. Не очекувам пред локалните избори ништо. Верувам дека од ЕУ притисокот ќе биде поголем после локалните избори за да се направат уставните измени и мислам дека тие на крај и ќе мора да се донесат“, смета Кржаловски.
За тоа што би значело доколку Црна Гора и Албанија станат дел од ЕУ, а Македонија остане на слеп колосек, Кржаловски вели дека параметрите покажуваат дека кога си надвор губиш.
„Земјите кои станаа членки многу добија. Економски пред сѐ. Поентата е што побрзо да се стане член. Она што мене ме секира е дека и Украина и Молдавија може да не престигнат и да станат членки до 2030 година“, вели Кржаловски и смета дека Македонија треба што побрзо да го фати чекорот, бидејќи, како што вели, „нема суштински проблем со внесувањето на Бугарите и други заедници во Уставот“.
Целото интервју со директорот на МЦМС Александар Кржаловски погледнете го во видеото.