Двајца засега непознати напаѓачи, поладнево крвнички претепале вработен во Техномаркет во салон во Скопје. Засега нема официјална потврда од полицијата кои се напаѓачите и кои се причините за нападот.
Видеото на социјалната мрежа X го објави „Курир.мк“. На него се гледа како двајца мажи му стојат над глава на вработениот, по што со тупаници го легнуваат на земја и крвички го удираат во главата и го газат по телото.
На снимката се гледа како друг вработен се обидува да му помогне на колегата, но и тој добива удар во главата и насилно е тргнат од местото на нападот.
Според очевидци на нападот, напаѓачите се од скопски Сарај, а нападнатиот е шеф на салонот на Техномаркет каде што се случил нападот..
Според првичните неофицијални информации, причина за нападот е затоа што наводно претепаниот шеф на салонот ѝ вршел мобинг на една од вработените која му била девојка на еден од напаѓачите.
Напаѓачи од скопски Сарај претепуваат вработен на Техномаркет среде Скопје pic.twitter.com/7IllpEyUPQ
— Курир (@KurirMK) November 11, 2023