
Шест лица вчера попладне биле пронајдени убиени од огнено оружје во атинското предградие Артемида, во источниот дел на градот.
Според информаците кои ги пренесуваат грчките медиуми, од убиените, петмина биле застрелани во автомобил, а шестиот бил пронајден во непосредна близина на возилото.
Според првичните неофицијални информации, автомобилот бил со германски регистарски таблици, а веројатно станува збор за нерасчистени сметки.