(Видео) Коскарова: Образованието е на историски најниско ниво, потребни ни се луѓе со вештини

Вечерва во „Трилинг“ разговараме со Аријана Коскарова – основач и раководител на Школо за дигитални вештини – Creative Hub.

Како главна предност што нејзината компанија оди само нагоре Коскарова ги наведува: истрајноста и упорноста.

Успехот доаѓа ако играш на долги стази, не на кратки. Вистинските херои се покажуваат со истрајноста, вели Коскарова.

За нејзиниот живот таа вели дека станува во 5 наутро и додава дека секое утро треба да се почне со позитивна мисла. Околу работата со студенти го кажува и нејзиниот најинтересен дел.

Највозбудлив дел мене ми е да стигнеме до првиот студент. Ако си добар ќе има и втор и трет. Но, најтежок е првиот човек, оној кој ќе верува во целата приказна, потенцира претприемачката.

За вештачката интелигенција вели дека сепак е важен човекот. „Повторно ќе има луѓе кои ќе мора да раководат тие процеси“, смета гостинката бидејќи секогаш некој ќе мора да менаџира со тие процеси.

Коскарова вели дека се зголемува интересот за софтверските науки, а прави и споредба на европското и америчко тло. Како главна предност од претпремачки апсект таа смета дека е полесна Америка.

Треба да се стремиме да коегзистираме. Значи јас создавам во Америка, сакам да играм во прва лига, но не го занемарувам бизнисот и во Македонија и Косово. Решението не е да се откажеме и да избереме едно, туку да коегизстираме, вели Коскарова.

Таа дава и своја перспектива за недостатоците во нашиот систем.

Би го сменила образованието, западнато е на историски најниско ниво. Не можеме да бараме успешно општество кога нашите луѓе немаат вештини, не се професионално задоволни, немаат насока, секој гледа да си оди од државата. Првото нешто што треба да направиме е да ги обудиме со вештини и истите би биле задоволни да имаат убав живот овде, заклучува гостинката Коскарова.

Целото интервју погледнете го во продолжение: