
(Видео) Коневска Руси: Песимист сум за иднината на државата и разочарана од непознавањето на историјата и јазикот
🔴 На констатацијата дека во театарот постојат кланови и дали и во оваа професија има суети, самобендисаност, ароганција, Руси вели дека сите овие епитети важат за сите луѓе, не само за уметниците. „Едноставно човек без суета и без другите два епитета што ги спомнавте едноставно не постои. Тоа не е главното. Клановите не постојат само во театарот. На секое место околу нас без клан нема шанса. Секој ги дава своите, претпочита неговите да се околу него, а ја тоа го повторувам којзнае од колку одамна дека директорот бира дали заменик или драматург, некој што е подолу од него за да може да биде подобар. Височината на една кула се мери според сенката, а големината на еден човек според бројот на завидливците. -Веќе сум песимист и во однос на целото општество каде што живеам, бидејќи има толку непознавања во однос на историјата, на јазикот“, додава Снежана Коневска Руси.
„Секој актер мора биде и режисер на својата улога. Не толку да се меша во режијата, во концептот на режијата, на режисерот, но во концептот на својата задача, на својата улога и мислам дека таа моја способност да го проширам не само врз својата улога, ама и врз улогите на другите во претставата допринесе до тоа да појдам во Софија да дипломирам и режија за кореодрама, пантомима, мјузикл. Така што веројатно следниот период и досегашниот се бавам и со режија и сега можам да си кажам ‘Снешка автор, актер, режисер’, бидејќи и со пишување се барам, правам драматизации, авторски текстови, сценарија, така што и последната награда во Битола на анонимниот конкурс ја добивам третата награда за монодрамски текст. Така што сега си пишувам три улоги. Тоа не се учи. Тоа веројатно го имаш и треба само да го развиваш. Книгите се моето главно мото коешто го пренесувам на моите и соработници и нови ученици и моите внуци. Без книгата нема ништо, бидејќи енергијата на умот ја создава суштината на животот, а животот е целата уметност. Да се живее значи од себе да направиш уметничко дело. Јас сега можам да бидам радосна дека сум направила на три дела од мојата уметност уметнички дела. Јас така си ги крстив“, вели Руси.
Говорејќи околу тоа дека низа генерации на млади израснаа со „Дајте музика“, со омилените цртани филмови, на приредбите на музичките фестивали, а со тоа и прашањето – Дали детето во Снежана Коневска Руси сѐ уште живее, таа вели дека ја држи девизата и на Петре М. Андреевски и на Блаже Конески дека детството засекогаш останува во нас, вели Руси.
„Доколку имав желба да заиграм во некоја претстава, некоја улога, едноставно се понудував, без ниедна проба упаѓав во претстави и едноставно доживував пофалби и на писмено и на усмено дека сум одговорила на задачата. Така што си се радувам на неколку свои такви задачи, оти обично режисерите кои доаѓаат однадвор не можат да не познаваат сите актери во Македонскиот народен театар. Ако сам не се понудиш ништо од тоа.
-Ми се случило да на бидам на иста бранова должина со некој од режисерите. Секогаш правам по свое. Ќе го разубедам дека така треба јас како што кажувам. И моите колеги ме знаат дека сум доста инаетлива, остра и написите за Снешка „дека е мал отров што се чува во мали шишенца“ е навистина точно. Едноставно тоа што сакам тоа го правам“, додава Коневска Руси.
На констатацијата дека во театарот постојат кланови и дали и во оваа професија има суети, самобендисаност, ароганција, Руси вели дека сите овие епитети важат за сите луѓе, не само за уметниците.
„Едноставно човек без суета и без другите два епитета што ги спомнавте едноставно не постои. Тоа не е главното. Клановите не постојат само во театарот. На секое место околу нас без клан нема шанса. Секој ги дава своите, претпочита неговите да се околу него, а ја тоа го повторувам којзнае од колку одамна дека директорот бира дали заменик или драматург, некој што е подолу од него за да може да биде подобар. Височината на една кула се мери според сенката, а големината на еден човек според бројот на завидливците.
-Веќе сум песимист и во однос на целото општество каде што живеам, бидејќи има толку непознавања во однос на историјата, на јазикот“, додава Снежана Коневска Руси.
Повеќе од пет децении активна присутност на македонската театарска и филмска сцена. Уметничката кариера и вклучува речиси 50 улоги во театарските продукции, 10 телевизиски и филмски ангажмани како и 20 режии. Освен на сцената, Снежана Коневска Руси таа е препознатлива и како сценарист и водител на бројни детски програми и музички фестивали. Дипломирала на ФДУ во класата на Љубиша Георгиевски и Владимир Милчин. Прогласена е за најдобар студент. Награди за животно дело – 13 Ноември на Град Скопје и 13 Октомври. „Џипси Меџик“, „Македонски народни приказни“, „Дајте музика“, „Погрешно време“, „Големи и мали“, „Наше маало“ се само дел од филмовите и проектите во кој таа партиципирала.
Целото интервју со овогодинешната лауреатка на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, Снежана Коневска Руси погледнете го во видеото.