За контроверзниот договор меѓу „Бехтел и Енка“, судиите, обвинителите, разговараме со професорот од Правниот факултет Горан Коевски кој е претседател на Здружението на правниници. Тој предава корпоративно трговско право и е целосно запознаен со она е во центарот на вниманието на пошироката јавност.
На прашањето „Има ли спорни елементи за турско-американскиот конзорциум“, професорот вели дека за да го одговори мора најпрво да го прочита овој договор.
За да знаеме дали има спорни моменти треба да имаме можност да го видиме и прочитаме договорот. За жал, под делот на некаква тајност и класифициран договор ова е под некаква тајност. По мене е прилично невообичаено од причина што и самата македонска пракса кога го имаше законот за инфраструктурни проекти за изградбата на Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид беше објавен во службен весник, беа објавени договорите на македонската влада, започнува Коевски.
Горан Коевски додава дека тајноста на договорот со „Бехтел и Енка“ остава можност за корупција и криминал. Тој повторува дека не ја гледа причината за тајност на оваа зделка.
Професорот за Трилинг вели и дека судството има голем партиски притисок. Тој додава дека често кај нас сме сведоци на исти презимиња, непотизам, а дека за истиот проблем треба конечно да се стави крај.
Целото интервју на професорот Горан Коевски погледнете го во продолжение: