(Видео) Ковачевски цели кон обединување на сите со цел членство во ЕУ

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва изјави дека по лидерската средба одржуваме состаноци на ИО и на ЦО на кои ќе дискутираме за идните чекори откако ВМРО-ДПМНЕ веќе не се противи на носење на уставните измени.

Продолжуваме со дијалогот со цел обединување на сите во широк општествен процес за остварување на стратешката цел – членство во ЕУ до 2030 година, порача Ковачевски пред почетокот на ИО на СДСМ.