Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон објави ново видео по завршувањето на хемотерапијата.
Таа во март оваа година откри дека е на лекување од рак и дека отсуствувала од очите на јавноста во поголемиот дел од оваа година.
Оваа година принцезата ќе има неколку ангажмани, меѓу кои и оние во ноември и декември. Во емотивното видео таа истакна дека оваа година и била „неверојатно тешка“ досега и дека „животот каков што знае може да се промени за миг“.
Станува збор за најновите информации за нејзиното здравје кои и испраќаат позитивна порака за напредок, но сепак патот до целосно заздравување е долг.
Палатата Кенсингтон откри дека во моментов не може да се каже дали е целосно излечена од рак. Принцезата ги опишува „бурните води“ од нејзиното искуство со ракот како „комплексни, застрашувачки и непредвидливи“.
„Со понизноста, исто така, ве доведува лице в лице со вашите сопствени слабости на начин на кој никогаш не сте размислувале, а со тоа и нова перспектива за сè“, искрено вели принцезата во невообичаено лично видео снимено минатиот месец во Норфолк.
Видеото, снимено во боите на есента, кажува колку е задоволна што ја завршила оваа фаза од нејзиното лекување.
– Бидејќи летото се ближи кон крајот, не можам да ви кажам какво олеснување е што конечно ја завршив хемотерапијата – истакна принцезата од Велс додека шеташе со семејството. – Мојот пат до исцелување и целосно закрепнување е долг и морам да продолжам да бидам храбра секој ден – додава Кејт и вели дека и покрај тешките моменти, нејзиното искуство и дало „обновено чувство на надеж и ценење на животот“.