(Видео) „Кеш, бетон и бегства: Што се крие зад фасадата?“ Во Трилинг со Славески и Зафиров

Во магазинот „Трилинг“ интервјуа со гувернерот на Народната банка Трајко Славески и бодибилдерот и фитнес инструктор Тоше Зафиров кој беше и дел од обезбедувањето на екс премиерот Груевски.

Дали фактот што половина од становите се купуваат во кеш значи дека валканите пари завршуваат во бетон? Од кога и за колку банките ќе ги намалат провизиите кон компаниите и физичките лица?

Дали при сѐ уште висока стапка на инфлација и перманентно задолжување ќе имаме капацитет да ги сервисираме долговите?

Во студиото: Гувернерот Трајко Славески со одговори на овие економски дилеми.

Фото: Трилинг / Трајко Славески

А во втората дел на емисијата: Од каде тој гнев и разочараност кај бодибилдерот и фитнес инструктор Тоше Зафиров кој беше и дел од обезбедувањето на екс премиерот Груевски?

Кој го контролира македонското подземје и дали полиција и криминалци се во дослух? Зафиров одговара и за бегството на Груевски.

Дали поранешниот обезбедувач на екс премиерот планира да се исели од државата?

Фото: Трилинг / Тоше Зафиров

Сето ова во „Трилин“ – гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.