(ВИДЕО) Каров: К-15 беше трн во око на политичарите, затоа што го соочуваше народот со вистината
➡„Со овој филм сакав да ги соочам со еден друг момент нашите тројца протагонисти - Бубо, Васко и Бранко - К-15 никогаш не било цигли, К-15 не било објекти, К-15 се Бубо, Васко и Бранко и се додека они тројца се живи и здрави и волни да продолжат да го работат, К-15 постои, вели режисерот Каров.
„Фундаменталната инфраструктура на филмот е несомнено документарна. Таа ги интегрира ретроспективно се она што значи К-15 и како шоу, и како продукција, има еден дел за телевизијата па и нешто за нивните спорадични бизниси со коишто се обидоа. Но има еден дел од филмот којшто несомнено е догма. Неортодоксен пристап во смисла – не знаат што се снима и не знаеја што ги очекува кога ги собравме“, вели Илија Ико Каров, режисер на филмот „К-15: Од другата страна“.
„Со овој филм сакав да ги соочам со еден друг момент нашите тројца протагонисти – Бубо, Васко и Бранко – К-15 никогаш не било цигли, К-15 не било објекти, К-15 се Бубо, Васко и Бранко и се додека они тројца се живи и здрави и волни да продолжат да го работат, К-15 постои, вели режисерот Каров.
„К-15 дефинитивно е дело на Бубо, Васко и Бранко. Имале потсетници и белешки за тоа како би сакале да течат скечевите, но мислам дека и нивните дијалози се толку совршено точни, органски и лесни за примање и гледање, од проста причина што беа креирани на лице место. Они тројцата толку спонтано можеа да се надополнуваат во моментот кога ќе влезеа во улогите, да тоа е едно школо што за секој што се бави со филм или телевизија би му посакал да може да го види и да го посведочи“, вели Каров.
Прашан дали денешните политичари се спремни да прифатат скечеви, критики, шеги на нивна сметка Каров дециден: Мислам дека не.
„Симптоматично е тоа што политичарите од средината на 90-тите години многу повеќе го сакаа К-15 и многу симпатично ги доживуваа шегите на нивна сметка.
Прашан зошто К-15 стана трн во око за политичките елити, Каров вели:
-Затоа што го соочуваше народот со вистината.
Целото интервју погледнете го во видеото.