(ВИДЕО) Камиловска: Предложените измени во Кривичниот законик може да направат голема штета

➡Извештајот за проценка на корупцијата за 2025 година покажува поразителни податоци за состојбата кај граѓаните со борбата против корупцијата. ➡Nие доаѓаме до стапка на ефикасност и ефективност на институциите од 0,016%. Тоа ни го покажува поразот на системот во којшто живееме и спремноста на институциите ревносно да се борат со корупцијата. ➡Граѓаните стануваат се повеќе апатични и не веруваат дека декларативните заложби за борба против корупција реално некој ќе може да ги спроведе. ➡Измените во членот 353 и во претходниот круг ја направи таа правна празнина за едноставно за сите дела поврзани со корупција да не можат да се гонат, и сега ја гледаме повторно измената на тој исти член, каде што под закрила дека сакаме да го вратиме старото решение, се предлагаат овие измени. Но ова не е враќање на старото решение. Особено стеснување на поимот корист може да направи голема штета, вели Камиловска од МЦМС.

„За жал извештајот за проценка на корупцијата за 2025 година ни покажува едни поразителни податоци за состојбата кај граѓаните со борбата против корупцијата. Односно 36,7% од граѓаните и биле под притисок да сторат некакво коруптивно дело, а 30,7% го сториле истото. Во превод – околу 448 000 граѓани во оваа држава биле и сториле некаква форма на коруптивно дело. Тоа ни ја покажува сликата дека граѓаните со цел да си ги завршат работите во институциите коишто по редовен пат треба да ги завршуваат на едноставен и брз начин, поради немањето можности се користи она народски кажано „фаќање врски“ и сторување на некаква корупција, се со цел да можат тековните животни активности да си ги продолжат.

-Ова е поразувачко, особено ако го споредиме со претходниот извештај од 2023 година, каде што се гледа драстично покачување на индексот за пред 5% поени, односно за само две години тој индекс е покачен за толкав процент. Дополнително, кога оваа бројка на лица коишто на некаков начин биле вклучени во корупција ќе ја споредиме со бројката којашто ја прибираме за лица кои биле осудени за злоупотреба на службена должност или поткуп, која што во 2024 година е 73 лица, ние доаѓаме до стапка на ефикасност и ефективност на институциите од 0,016%. Тоа ни го покажува поразот на системот во којшто живееме и спремноста на институциите ревносно да се борат со корупцијата, изјави во магазинот „Трилинг“ Снежана Камиловска од МЦМС.

Фото: Трилинг / Снежана Камиловска

Прашана дали корупцијата стана начин на функционирање кај нас, Камиловска вели дека се работи веќе и за културолошко прашање.

„Луѓето се спремни да го сторат тоа токму од причина што знаат дека е единствениот начин на којшто може да се справат со секојдневното живеење и опслужување на нивните работи пред надлежните институции, и токму од овие причини ги гледаме овие бројки.

-Песимизмот е константно висок низ мерењата низ годините наназад, но имајќи го предвид песимизмот оваа година, споредено со останатите параметри, како што е подложноста, сторената корупција, прифатливоста на корупцијата, ни дава уште поголем сигнал дека граѓаните стануваат се повеќе апатични и не веруваат дека декларативните заложби за борба против корупција реално некој ќе може да ги спроведе.

Фото: Трилинг / Снежана Камиловска

Прашана за податокот дека судиите и обвинителите се перцепираат како најкорумпирани професии, а судовите и обвинителството се оценети како институции со најраспространета корупција и дали е ова резултат на ниската доверба, Камиловска вели дека треба да се има предвид дека извештајот за проценка на корупцијата мери по три параметри.

„Затоа не станува збор исклучиво за перцепција, туку имаме перцепција, искуство и ставови за корупцијата од страна на граѓаните. Конкретно овие прашања, кога станува збор за одредени дејности или за одредени служби, пред сѐ се базираат на перцепциите на граѓаните за одредени состојби, за одредени форми на делување во општеството.

Фото: Трилинг / Снежана Камиловска

-Традиционално судовите, јавното обвинителство се високо на скалилото на перцепирани за најкоруптивни професии во државата и посекако дека во перцепцијата на граѓаните влегува и тоа што се прима од јавноста, односно ниската доверба којашто се констатира во истите овие органи и тела и дополнително секојдневното јавно прозивање на овие органи за нивниот начин на работа.

Говорејќи за новите измени во Кривичниот законик, каде што се вели дека министри, директори, полицајци нема да одговараат за корупција и дали со овие измени може да се врати довербата во судството и дали власта со овие измени што се најавуваат всушност ја зацементира неказнивоста во справувањето со корупцијата, Камиловска вели дека веднаш по излегувањето на самите измени на Кривичниот законик од страна на предлог на пратениците, Платформата на граѓански организации за борба против корупција испрати своја реакција до јавноста со којашто побара да не се доведуваме во ситуација да се носат измени на брза трака коишто на долг рок нема да обезбедат квалитетно и суштинско решение.

„Ова го побаравме од причина што повторно се доведуваме во ситуација, при имање на активна работна група којашто работи на новиот кривичен закон, ние преку група пратеници, како што беше и во 2023 година, да се дадат предлози за измени на самиот овој закон коишто пред сѐ не се консултирани со пошироката јавност и од тие причини не се земени предвид сите забелешки коишто пошироката јавност, експертската јавност ги имаше за самите измени коишто се донесоа во 2023 година.

-Измените во членот 353 и во претходниот круг ја направи таа правна празнина за едноставно за сите дела поврзани со корупција да не можат да се гонат, и сега ја гледаме повторно измената на тој исти член, каде што под закрила дека сакаме да го вратиме старото решение, се предлагаат овие измени. Но ова не е враќање на старото решение. Особено стеснување на поимот корист може да направи голема штета. Со сегашниот предлог се оди на имотна корист, којшто е многу потесен поим од оној поширокиот – корист, со што може пошироки облици на злоупотреби да бидат опфатени. Имотната корист пред сѐ се фокусира на јавните набавки, но сета онаа друга корист која што може да биде направена во текот на мандатот на определено избрано именувано лице со овој член се стеснува, односно се оневозможува“, вели Камиловска.

Целото интервју погледнете го во видеото.