(Видео) Како со македонски пасош до успешен бизнис во Малта – Ален Осман сопственик на „Mamma’s Sugar“

Многу е полесно да се направи нешто со македонски пасош, многу полесно во однос на другите земји во однос на работна дозвола да се добие и отворањето бизнис е многу поедноставно, па затоа мислам дека Малта е земја каде што е многу полесно со македонски пасош да се направи нешто, вели Осман.

Гостин во најновото издание на „Трилнг“ беше Ален Осман претприемач кој речиси пред 10 години се иселил во Малта, за таму со своето семејство да започне свој, сопствен фамилијарен бизнис под брендот „Mamma’s Sugar“

„Јас скоро 10 години живеам на Малта. Отидов во Малта на одмор како и да видам нешто различно, но на крајот најдов работа и останав таму. По професија сум кувар, имам завршено средно угостителско и Факултет за туризам што е во Скопје, така што низ годините работев на доста места, во ресторани, така што веќе бев во бизнисот и пред скоро три години, со фамилијатата дојдовме до идеја да креираме нешто различно за Малта, нешто што го нема таму и за локалните жители ќе биде привлечно“, вели Осман, на прашањето од каде е идејата да одлучи да се пресели на Малта и да стартува со сопствен бизнис.

„Ние сме првата слаткарница којашто е отворена, има и ресторан којшто се вика „Гурмет“, специјализиран за македонска храна, ние сме први од Македонија како во делот на ресторан, така и во делот како слаткарница.

„Малта е земја која заради климата многу луѓе ја одбираат, бидејќи нема зима. Од Октомври до Март температурата е 15 Степени. Но точно, многу е полесно да се направи нешто со македонски пасош, многу полесно во однос на другите земји во однос на работна дозвола да се добие и отворањето бизнис е многу поедноставно, па затоа мислам дека Малта е земја каде што е многу полесно со македонски пасош да се направи нешто, додава Осман.

„До сега имаме три слаткарници, а имаме и четврта локација која нема да биде под името „Mamma’s Sugar“, туку ќе се вика „Mamma’s Burger’s“, така што ќе правиме хамбургери коишто се различни од од тоа што Малта го нуди. Имаме уште еден проект за ресторан којшто би требало да се отвори во 2026 година и кој ќе биде отворен во соработка со Малта Фондација, и ќе би бил тотално менаџиран со лица со посебни потреби.

„Кога го креиравме бизнисот, нормално го заштитивме името, го заштитивме и логото со трејд марк низ Европа, така што не би можел некој да го ископира, да направи иста копија од истото, така што идеја ни беше секогаш да отвориме три локации низ Малта, коишто ќе бидат доста достапни како локации за целото население“, изјави Ален Осман, основач на ланец слаткарници „Mamma’s Sugar“ на Малта.

Целото интервју со Ален Осман, претприемач со сопствен фамилијарен бизнис под брендот „Mamma’s Sugar“ погледнете го видеото.