
(Видео) Инцидент на „Маршот на ангелите“ во Кочани – возач им го пресече патот на родителите на загинатите
За време на протестот во Кочани, организиран од семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, дошло до инцидент кога возило им го пресекло патот на демонстрантите, и тоа и покрај полициското присуство, јавува Радио Канал 77.
Денеска како и секоја сабота во 18:05 часот, се одржа протест во Кочани, организиран од семејствата на починатите во дискотеката „Пулс“
За време на протестот во Кочани, организиран од семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, дошло до инцидент кога возило им го пресекло патот на демонстрантите, и тоа и покрај полициското присуство, јавува Радио Канал 77.
Како реакција, семејствата целосно ја блокирале крстосницата во близина на полициската станица во градот. Тие побарале од Министерството за внатрешни работи да го идентификува и санкционира возачот кој го предизвикал инцидентот.
Протестите на родителите продолжуваат како дел од „Маршот на ангелите“, со целосна решеност да се обезбеди правда за нивните деца.