(Видео) Израелските сили одново со жесотки бомбардирања кон Газа, погодиле 320 цели

Најмалку 320 цели биле погодени во Газа вчера и во текот на ноќта, соопштија утрово Израелските одбранбени сили (ИДФ).

Меѓу нив имало „тунели во кои се сместени терористите на Хамас, десетици оперативни командни центри, од кои некои засолниле терористи на Хамас и Исламски џихад, воени комплекси и набљудувачки пунктови“, според новата верзија на ИДФ.

Понатаму, Израел погоди цели што „претставуваа закана за силите во областа околу Појасот Газа кои се подготвуваат за копнени операции, вклучително и десетици минофрлачки гранати и локации за лансирање противтенковски ракети“.

ИДФ изврши напади и на границата со Либан, тврдејќи дека погодила дури четири ќелии на Хезболах, со дополнителни напади на либанска територија.

Палестински извори обвинуваат дека израелската војска бомбардира цивилни цели и во близина болници.

Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, вели дека во израелските напади досега загинале 4.741 Палестинци, а биле повредени 15.898 од почетокот на израелската воена кампања на 7 октомври како одговор на ненадејниот напад на Хамас во Израел во кој загинаа над 1.400 Израелци, главно цивили.