(Видео) Ивановска: Колку поголема транспарентност на институциите, толку пониска корупција 

Антикорупциска комисија стана трн во око на оние кои работат за сузбивање на корупцијата и криминалот. Очите на јавноста се повеќе се свртени кон оваа комисија, а во последното издание за оваа сезона ни гостува токму Билјана Ивановска, претседателката на ДКСК.

На прашање од новинарот Горазд Чомовски за несогласувањата меѓу обвинителството и ДКСК, Ивановска вели дека не се работи за вртење грб

Изјавите немаат поголема важност од законите, започнува Ивановска и објаснува околу податоците од нашите институции и актуелните ставања на црната листа.

Ивановска истанува дека механизмите за владеењето на правото мора да се применуваат.

Антикорупциска е превентивен орган, ние сме подготвиле политики за интегритет, дополнително овие политики ќе ги потпишат уште 158 институции кои се вклучени во скринингот, додава Ивановска.

Таа децидно вели дека колку е поголема транспарентноста на институциите, толку е пониска корупција и наведува дека институциите мора да бидат професионални и да не подлежат на политички влијание.

Ивановска даде свој коментар и за една од најактуелните случки во државава, а тоа е опожареното возило на Артан Груби.

Неопходен е закон за потекло на имот за секој граѓанин да даде отчет од каде се средствата за стекнување на тој имот. Во конкретниот случај, ако лицето од 35 години за којшто Груби вели дека имал 30 години искуство, ако лицето имало таква обврска да каже од каде му се средствата можеби ќе замислел дали да купи возилото на свое име. Ни требаат системски промени, завршува Ивановска и вели дека активно се испитува имотната состојба на вицепремиерот Груби.

Целото интервју може да го погледнете во продолжние.