(ВИДЕО) „Иако институциите не направија ништо за вас, не сте сами“, порачаа граѓаните на собирот за сеќавање на жртвите од Кочани

„Не беше несреќа. Не беше трагедија. Беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Не смееме да се откажеме од борбата за вистината. Кога ќе се соочиме со неправда, да проговориме. Сите треба да истапиме и да бидеме одговорни, на свој начин. Вистинската борба за живот или смрт е токму борбата за Кочани!“, истакнуваат од иницијативите.

„Се собравме да им кажеме на родителите на загинатите во Кочани и на тие што имаат повредени деца дека не се сами иако властите и институциите ништо не направија во овие шест месеци и дека ние сме тука да вршиме притисок врз институциите“, порачаа граѓаните на тивкиот собир за оддавање заедничко сеќавање за сите изгубени животи во дискотеката „Пулс“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје кој почна во 20:16 часот, во организација активистите од иницијативата „Кој е следен?“ и младите од Студентско пленумско движење.

Со ова, како што пренесе Фокус, се оддава почит кон загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани и се дава поддршка кон нивните најблиски кои се соочуваат со огромна загуба. Поддршка е упатена и кон повредените, кои се во процес на рехабилитација, од несреќата што се случи пред шест месеци.

Граѓани во центарот на Скопје може да остават и пораки до семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март годинава, зеде 62 жртви, а околу 200 лица се здобија со повреди и беа пренесени на лекување во болниците низ земјава и странство.

„Не беше несреќа. Не беше трагедија. Беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Не смееме да се откажеме од борбата за вистината. Кога ќе се соочиме со неправда, да проговориме. Сите треба да истапиме и да бидеме одговорни, на свој начин. Вистинската борба за живот или смрт е токму борбата за Кочани!“, истакнуваат од иницијативите.

На 16 септември навршуваат шест месеци од пожарот во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 62 претежно млади луѓе.

Извор: Фокус