(ВИДЕО) Зошто на Запад имаат хобија, а кај нас само грижи? Гаспар за врската меѓу стандардот и внатрешниот мир

➡Не можам да ги одвојам среќата, љубовта и надежта затоа што се три клучни компоненти кај секој човек, особено за менталното здравје и за квалитетна ментална хигиена. ➡Луѓето сега главно времето го поминуваат и се презафатени во однос на професијата за да можат материјално да ги остварат своите потреби, затоа што без остварените материјални потреби е скоро многу тешко или да не кажеме невозможно да бидеме среќни. ➡Во квалитетни држави кај што социо-економскиот статус е подобар и самиот квалитет на живот е подобар, луѓето заради тоа што се финансиски обезбедени, се фокусираат на одредени хобија или постигнувања коишто кај нас се ретки. Едно е да се обезбедиме и да бидеме сигурни, а потоа можеме да одиме кон љубовта. Но самото обезбедување на базичните потреби на нас нема да ни донесе среќа - автоматски нема и љубов, вели во Трилинг психологот и психотерапевт Фики Гаспар.

„Здравјето е основа да може да имаме среќа и финансии. Финансиите се постигнуваат. Тие се најневажната и би кажал едноставната работа ако човек знае како да стигне до таму, а среќата е доста интересна. Имам доста истражувања поминато за среќа и како влијае. Најчесто е опишана како моментална состојба која што и не е баш толку честа. Значи моментално чувство коешто кога се случува доволно ни прави еден момент на доживување на среќен период или на среќен живот. Така што ако би требал хиерархиски да ги наместам – би биле здравје, па среќа, па финансии“, вели за Трилинг Фики Гаспар, психолог и психотерапевт.

„Секако меѓусебно се поврзани затоа што така функционира нашиот систем, но дефинитивно тоа е најхиерархискиот којшто можеме да го видиме во овие три компоненти.

-Не можам да ги одвојам среќата, љубовта и надежта затоа што се три клучни компоненти кај секој човек, особено за менталното здравје и за квалитетна ментална хигиена.

-Прво би кажал љубовта како една од најкомплексните емоции коишто ги опфаќа и емоционалниот дел и когнитивниот дел, но и бихевиоралниот дел, делот на однесување, во којшто влегува и мотивацијата. Самото објаснување на љубовта е дефиниција којашто ни кажува дека сите овие три компоненти насочени кон одредена личност или кон одредена состојба се врзани за поврзаност, заинтересираност, грижа за останатите или за нешто (љубов може да имаме кон професија) и е комплексна состојба којашто на нас ни прави длабока и јака и ни дава силен емоционален одговор.

-Кога зборуваме за надежта, тоа е едно прекрасно чувство и една прекрасна интерна мотивација којашто ни дава можност иако работите не се совршени, да стигнеме таму каде што сакаме. Надежта е таа што не држи, дека работите колку и да знаат да се искомплицираат или да бидат предизвикувачки во животот на една личност, сепак ќе стигнеме до таму каде што ќе стигнеме, и ќе ги оствариме некои желби, некои соништа, ќе помогнеме кај што сакаме да помогнеме, а се тоа во комбинација ги даваат тие моменти на среќа коишто ги спомнавме – дека според дефиниција и според истражување се кратки моменти, но кога ќе се поврзат даваат некое чувство на среќен период или на среќен живот“, вели Гаспар.

Фото: Трилинг / Фики Гаспар

Говорејќи за тоа дали во богатството доминира материјалното или духовното, Гаспар вели дека со оглед на тоа како сега се поставени работите, многу голем фокус се дава на материјалното.

„Фокус се дава на материјалното заради тоа што системот функционира многу материјалистички и тоа, барем според тоа во пракса ние што го работиме, гледаме дека исто е многу важно. Луѓето сега главно времето го поминуваат и се презафатени во однос на професијата за да можат материјално да ги остварат своите потреби, затоа што без остварените материјални потреби е скоро многу тешко или да не кажеме невозможно да бидеме среќни.

-Духовното е многу важно да се чувствуваме исполнети. Но ќе ја спомнам пирамидата на Маслов кој е еден од психолозите кој што во однос на мотиви има постигнато многу со своите истражувања. Секогаш прво ни се основните работи како – место за спиење, како исхрана која што го обезбедува материјалното, потоа ни е потребата за приврзаност и потребата за сигурност. И веќе во третиот сталеж ни доаѓа мотивот за љубов. Можеме да ги имаме основите потреби и некое чувство на сигурност и тоа нема да ни донесе среќен живот или живот полн со надеж. Но кога ќе се вклучи и љубовта како состојба, тогаш животот можеме да кажеме дека можеме да го поминеме квалитетно и вредно.

-Потоа доаѓа следниот мотив на самоактуелизација, кога ние се чувствуваме дека сме постигнале нешто. Често се спомнува таа реченица дека материјалното не е важно, и тоа е така но за луѓето кои се обезбедени во однос на исхрана и на сигурност. За тие коишто се борат секојдневно не е баш така. И за вие да дојдете да работите на духовно и на љубов, мора да ментален и когнитивен капацитет да не сте преоптоварени со преживување. Многу често луѓето, кога ќе постигнат некоја стабилност, се фокусираат на самите духовни работи, посебно на љубов, на остварување, на постигнување.

Фото: Трилинг / Фики Гаспар

-Во квалитетни држави кај што социо-економскиот статус е подобар и самиот квалитет на живот е подобар, луѓето заради тоа што се финансиски обезбедени, се фокусираат на одредени хобија или постигнувања коишто кај нас се ретки. Едно е да се обезбедиме и да бидеме сигурни, а потоа можеме да одиме кон љубовта. Но самото обезбедување на базичните потреби на нас нема да ни донесе среќа – автоматски нема и љубов.

-Надежта е клучна компонента за ние да имаме добро ментално здравје и добра ментална хигиена. Надежта е таа којашто ни го одржува балансот помеѓу тоа ние како ќе функционираме. Личности коишто имаат изразена надеж функционираат многу подобро за разлика од оние коишто во даден период се безнадежни. Некогаш безнадежноста знае да биде симптом на одредени ментални нарушувања“, вели Гаспар.

Целото интервју погледнете го во видеото.