(Видео) Златко Муцунски: Бизнисмените во Македонија сѐ уште преферираат лимузини

За автомобилскиот свет, бизнис светот, менаџерските способности, човечкиот капитал, скапите автомобили, порастот на цените на автомобили и сличните теми вечерва во „Трилинг“ зборуваме со Златко Муцунски – генерален директор на Порше Македонија.

Муцунски за „елитата“ и „џет-сетот“ смета дека ги нема во Македонија. На прашањето „каков е возниот парк на бизнис заедницата во Македонија“ Муцунски смета дека бизнисмените уште преферираат лимузини.

Светот е многу разнороден. Тие што може да си приуштат уживаат во тие бенефити. Во различни временски периоди секое возило има свои поволности. Бинзисмените во Македонија сѐ уште преферираат лимузини, вели Муцунски.

За годината зад нас Муцунски рече дека Порше Македонија биле исклучително успешни. „Годината ја завршивме со над 50 отсто раст“, вели тој.

Како резултат на поскапувањето на репроматеријалите нормално кај сите конкуренти цените во последните 2-3 години се качија уште некои 30 проценти. И употребуваните возила секогаш го следат тој тренд. И најрезистентниот систем не може да одолее на вакви импути. Така што, цените мораа да одат горе. Не верувам дека ќе паднат во блиска перспектива. Тоа што е интересен феномен е дека во зголемени цени многу е изострени чувството на клиентите каде ќе ги вложат своите чесно заработени пари, вели директорот на Порше Македонија, Златко Муцунски.

На 5 употребувани автомобили се купува еден.

Врз база на расположливите податоци над 80 отсто од возниот парк во Македонија е постар од 10 години. Во агрегирана состојба вкупната просечна старост на возниот парк во Македонија е 19.5 години, додава Муцунски.

Муцунски вели дека за жал се „прогледува низ прсти“ за некои од увезените автомобили, а дава пример со катализаторите кои ги немаат оние кои се увезуваат во Македонија.

За политиката вели дека аполитични. Наместо да се жалат, Муцунски вели дека работеле да бидат најдобри.

Не се занимаваме со она што не може да го промениме, кратко коментира тој.

Целото интервју со Златко Муцунски може да го погледнете во продолжение: