(ВИДЕО) Зејнели: За ДУТ е неприфатлив законот за високо образование
„Сенатот на Универзитетот во Тетово донесе едно решение за повлекување на законот. Треба да се земат предвид сите забелешки, па после да се постави како решение. Јас како ректор ја почитував волјата на секој професор“, изјави во „Трилинг ректорот на Државниот универзитет во Тетово, Јусуф Зејнели, за новиот нацрт-закон за високо образование, од кој не се откажува министерката Јаневска, ниту Владата, и дали Тетовскиот универзитет согледува забелешки и слабости.

Прашан дали ваков како што е предложен новиот закон за високо образование, ректорот вели дека за нив е неприфатлив.
„Неприфатлив е. Нашите забелешки се во докторските студии. Ние сега кога говориме, сме во процесот на рангирање. За оние одредби коишто се добри, ние не сме против. И ние сакаме и бараме квалитет.
-Но има некои одредби кои ја дискриминираат работата на некои универзитети. Еве, на пример, институциите треба да организираат рангирање на секоја трета година. Тоа значи дека има многу години каде што не е правено рангирањето и ние стануваме жртва. Јас таа одредба и тој член од Законот, од правен аспект, ја прогласив за мртва.
-За иднината на сите високообразовни институции, треба да имаме и закон кој се основа на реалноста и реалната состојба.
-Второ, во нацрт-законот за високо образование, во некој член е предвидено дека докторски студии можат да организираат само четири највисоко рангирани универзитети. Сметам дека тоа не е добро, од причина што тргнувајќи дека во државата имаме шест јавни универзитети, барем тие да го исполнуваат правото. вели Зејнели.
Целото видео погледнете го во видеото